HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗатвор за работодавецот кој ќе побара да му биде вратен К15

Затвор за работодавецот кој ќе побара да му биде вратен К15

Неодамна со промена на кривичниот законик определено беше дека работодавач кој ќе побара од вработен да му врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавецот, дека ќе се казни со затвoр од три месеци до три години.

Ова новина дојде откако лани многу фирми побараа од своите вработени да вратат дел од парите во фирмата или пак да ги вратат на рака на управителот. Дури, излегоа и снимки каде ова беше констатирано, иако не видовме епилог од било кој случај. Сега К15 имаат обврска да платат сите профитабилни фирми во земјата. Оние што се во загуба нема да мораат да исплатат К15 во претходен договор со синдикатот.

Приватните фирми имаат краен рок во текот на декември, поточно со декемвриската плата, да им го исплатат на своите вработени регресот за годишен одмор, или популарниот К-15.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com