Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗатвор за работодавачот кој ќе бара поврат на К-15 од работниците

Затвор за работодавачот кој ќе бара поврат на К-15 од работниците

Со промена на кривичниот законик е определено дека работодавач кој ќе побара од вработен да му врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавецот, ќе се казни со затвoр од три месеци до три години, објави, Академик.мк.

„Повредата на правата од работен однос претставува кривично дело согласно член 166 од Кривичниот законик на Република Македонија во кој што е предвидено дека повредата, одземањето или ограничувањето на правото што му припаѓа на работникот е кривично дело и за истото е предвидено соодветна казна“, се вели во образложението на измените на Кривичниот законик.

Исто така се пропишува дека работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Работодавачот кој ќе ангажира лице со кое не е заснован работен однос согласно закон, ќе се казни со казна затвор до три години.