Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗатајување данок и измама во Карфур, се чека акција на државата

Затајување данок и измама во Карфур, се чека акција на државата

Хипермаркетот Карфур со франшизата во Македонија е вплеткан најверојатно во повеќе незаконски дејства како затајување на данок и измама за што државните органи како Финансиската полиција веќе веќе водат истрага и наскоро треба да покренат и кривични пријави.

Од Стопанската комора на Македонија повторно посочија дека нивните членки кои биле добавувачи на Карфур имаат неисплатени побарувања вредни десетина милиони евра, но тешко е да се ги добијат заработените пари доколку не се поведе сериозна постапка.

Според податоците од Централниот регистар, управители на ЦМБ Балканс Скопје се грчките државјани Леонидас Маринопулос и Георгиос Вогиацакис. Маринопулос е прв човек на моќната групација во Грција која го носи неговото име со над 900 маркети низ цела Европа и годишен приход од неколку милијарди евра.