HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗаталкан куршум погоди Тетовец во глава додека возел со семејството

Заталкан куршум погоди Тетовец во глава додека возел со семејството

Тетовец е погоден од заталкан куршум додека со автомобилот се возел со својата сопруга и бебе. Куршумот го пробил кровот на неговиот автомобил и го погодил во главата додека возел на булеварот Илинденска во Тетово. По запирањето со возило, тој бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде по укажната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување без поголеми последици.

Увид на местото на настанот по овластување на јавен обвинител извршила екипа од СВР Тетово при што бил утврден отвор на покривот од автомобилот над возачкото седиште додека на подот од возилото зад возачкото седиште бил пронајден проектил со калибар од 7,62, милиметри.

Според досегашните информации од истрагата, најверојатно станува збор за заталкан куршум. Се преземаат мерки да се утврди кој и од каде пукал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com