Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗастрашувачки и засрамувачки фотографии: цело кафуле на дното на Охридското езеро

Застрашувачки и засрамувачки фотографии: цело кафуле на дното на Охридското езеро

Веќе одамна знаеме дека културата на граѓаните не е баш на највисоко ниво, но овие фотографии ќе ве убедат дека состојбата е полоша отколку што сте мислеле. Секоја година нуркачите од Охридското езеро вадат многу отпад од дното, а во оваа акција извадиле опрема за цело кафуле.
ohrid2Дрскоста и безобразието одат дотаму што дури и мебел почна да се фрла во нашето најголемо природно езеро. Езерото е бисер по кој сите ја препознаваат Македонија, а некој без грам срам прави депонија на дното. Ове фотографии треба да ги замислат охридските власти конечно да почнат да преземаат акции, не само за чистење туку и за строго казнување на идиотите кои постојано го уништуваат нашето природно богатство.
ohrid3 ohrid4

Фото: Охрид SOS