HomeДЕНЕШНАСветЗастрашувачко откритие – Деца бегалци принудно работат на фарми во Франција

Застрашувачко откритие – Деца бегалци принудно работат на фарми во Франција

deca-begalci

Застрашувачки податоци откри британската група за заштита на човековите права „Безбеден премин“ дека десетици деца кои беа раселени од бегалскиот камп на Кале наречен „Џунгла“ сега принудно работат на фарми ширум Франција и несоодветно живеат со возрасни луѓе. Бегалците својот живот го опишале како да се во затвор, и се жалат на тешките услови.

Џенет Дарли од здружението „Безбеден премин“ соопшти дека се многу загрижени за безбедноста на децата сместени во прифатни центри низ Франција. Исто така посочи дека се прават напори да се изнајдат безбедни и легални начини за нивно префрлање во Велика Британија каде соодветно ќе бидат згрижени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com