Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗасилена закана за терористички напади во Велика Британија врз аеродроми и нуклеарни централи

Засилена закана за терористички напади во Велика Британија врз аеродроми и нуклеарни централи

Аеродромите и нуклеарните централи во Велика Британија добиле наредба за преземање зајакнати безбедносни мерки поради опасност од терористички напади, објави денеска лондонскиот весник „Телеграф“.

Според весникот, британските разузнавачки служби имаат сознанија дека џихадистичката организација Исламска држава (ИД) и некои други терористички групи подготвиле планови за поставување експлозивни напрваи во лаптопи и мобилни телефони, кои не би можеле да бидат откриени при безбедносните контроли на аеродромите.

Службите, исто така, предупредуваат дека хакери би можеле да извршат кибер напади врз електронските системи за безбедност на британските нуклеарки.

Според весникот, разузнавачите имаат сознанија дека „терористи, странски шпиони и хакери“ се обидуваат да ја искоритста „ранливоста на интерент заштитата“ на британската нуклеарна индустирја.