Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЗаштитете ја косата во летниот период

Заштитете ја косата во летниот период

 

Без разлика дали одите на море или не, посебната нега и заштита на косата за време на летниот период е повеќе од потребна. Поради сонцето и високите температури косата е подложна на оштетувања кои можат да бидат долготрајни. Еве неколку совети за заштита кои ќе ви бидат од помош

Не ставајте шампон на косата пред влегување во море или базен. Морската вода во комбинација со шампон предизвикува сушење на влакното.

После секое капење во базен или море косата измијте ја темелно бидејќи во неа веќе има штетни материи

Не користете фен во летните топли денови

Во летните месеци неопходни се средства за хидратација, за да ја одржите косата мека и сјајна

Кога и да сте изложени на сонце  задолжително носете шешир или некаква капа за да ја заштитите косата.

hair IN T

Во летниот период посебна заштита бара обоената коса. Сончевите зраци и високиот УВ индекс секако ја сушат косата и предизвикуваат губење на сјајот, кај обоената коса тоа е уште позастапено. Исто така сонцето ја менува бојата. Блондинките стануваат добиваат жолт или зеленкаст сјај, а  кај бринетите бледее бојата на косата. Покрај посебните препарати за обоена коса и секако средствата за регенерација на косата, посоветувајте се со вашиот фризер за тоа која боја е долготрајна.

Заборавете на преси фенови и четки.