Tuesday, May 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗаразна болест Шушкавец се појави во Гошинце

Заразна болест Шушкавец се појави во Гошинце

Во Гошинце е забележано заболување на крупен добиток и досега има 6 угинати животни. Од Ветиринарна станица Куманово е констатирано дека се работи за заразната болест Шушкавец. Се уште не се знае причината за појава на болеста.

Од страна на Ветиринарната станица и жителите во с. Гошинце на кои им починале животни било договорено да се превземат превентивни мерки за болеста да не се прошири и во другите села, но и да се закопаат угинатите животни. На селаните, сопственици на крупен добиток им било укажано, во текот на денешниот ден да не ја пуштаат стоката на испасување, бидејќи ќе се врши вакцинација како превентна мерка од понатамошно проширување на болеста.

Инаку, болеста Шушкавец се појавува кај говеда, овци и кози и се карактеризира со различна клиничка слика, но најчесто со смрт на животните. Оваа болест најчесто се превенира со вакцинација. Преживеаниот добиток треба да се премести од местата каде што се појавила болеста.