Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗараза се шири во Идомени – 9-годишно девојче хоспитализирано со хепатитс А

Зараза се шири во Идомени – 9-годишно девојче хоспитализирано со хепатитс А

Прв случај на хепатитис А е потврден во грчкиот бегалски камп во Идомени на границата со Македонија, објави вчера грчкиот Центар за контрола и превенција на болести. Според билтенот на здравствената агенција, заразено е 9-годишно сириско девојче. Таа е однесена во болница во Солун, а нејзината сотојба е стабилна, пренесува агенцијата Sputnik.

Центарот, во соработка со локалните здравствени власти, презема чекори за спречување на ширењето на болести меѓу бегалците. Овие мерки вклучуваат ширење на информации за хигиената, дезинфекција на тоалети, употребата на безбедна и чиста вода за пиење. Во село Идомени се наоѓаат илјади бегалци откако Македонија, заедно со своите балкански соседи, воведе ограничувања за бегалци на своите граници, што значеше сопирање на протокот.