Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗаради отровни печурки две гостиварки се борат за живот

Заради отровни печурки две гостиварки се борат за живот

Две жителки на Гостивар се итно пренесени на клиника во Скопје, откако добиле силни симптоми на труење со повраќање и несвестици. Станува збор за К.П 67 и нејзината снаа К.П 30 кои вчера береле печурки, па се сомневаат дека токму тие се причината за тешкото труење. Нивната состојба е критична и лекарскиот тим прави напори за да ги спаси. Се претпоставува дека се затруле со отровната печурка аманита.