Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗапуштеното место во Радишани ќе се уреди во мал парк

Запуштеното место во Радишани ќе се уреди во мал парк

Општина Бутел започна со изградба на мал парк на вториот влез во населбата Радишани, на локација која долго време беше запуштена и неуредена. Локалната власт соопшти дека овој простор кој претходно беше непријатна точка за жителите ќе се преуреди со урбана опрема, мала фонтана и детски реквизити на површина од 450 m2.

park radisani 2

Уредувањето на просторот беше планирано уште пред една година кога се реконструираше улицата Амди Демир, но планот беше одложен поради нерешените имотно-правни односи. Уредувањето на паркот ќе чини 2 милиони денари, соопштија од општина Бутел.