HomeАНТИСТРЕСПатувањеЗапознајте ги најубавите пустини во светот

Запознајте ги најубавите пустини во светот

Пустините претставуваат копнени подрачја кои имаат помалку од 250мм врнежи годишно и каде поради минималната влага нема вегетација. Во продолжение следуваат најубавите пустини на Земјата каде што луѓето се вистинска реткост.

Сахара

Сахара со површина од 9,4 милиони квадратни километри е најголема пустина во светот. Таа се протега низ десет земји на северна Африка, а е дом на околу четири милиони жители. Може да се посети туристички, на пример од Мароко и тоа на камили.

Намиб

Таа е многу помала од Сахара и се протега на 81 илјади квадратни километри. Ненаселена е, но во неа дом пронашле некои животни, како носорози и зебри. За Намиб карактеристични се високите песочни дини кои растат до 300 метри.

pustina-namib

Атакама

Пустините се дефинирани као места, каде годишно врне 250 милиметри дожд на квадратен метар. Во Атакама годишно паѓа само еден милиметар, поради што важи за најсуво подрачје на планетата. Се протега низ Чиле, Аргентина, Перу и Боливија, а во неа речиси и нема растенија и животни, освен чинчила и кактуси.

pustina-atakama

Антарктик

Станува збор за континент, но и за најголема ледена пустина. Иако се измерени рекордни минус 89,2 степени, истовремено важи за највлажно и најсуво место на земјата. Како? За влажноста не е заслужен дождот, туку фактот дека 98 отсто од Антарктикот се наоѓа под мраз. Со оглед на тоа дека во прашање е најстуденото место во светот, врнежите се ретки и заради тоа овој континент може да се нарече и пустина.

antarktik

Такламакан

Оваа пустина се наоѓа во централна Азија, а преку нејзиниот јужен и северен дел некогаш поминувал познатиот Пат на свилата. Тука се случило и најголемото пустинско чудо, кога пред седум години снег ја покри целата пустина. Дотогаш никогаш целата пустина не била покриена со снег.

pustina-taklamakan

Дашт-е Кавир

Таа се наоѓа во Иран, зазема 390 квадратни километри. Прекриена е со кристали на сол, кои настануваат на земјата поради недостигф на дожд, а таа глетка навистината е импресивна. Летата тука се пеколни со температури од 50 степени Целзиусови, а посетителите можат да се сместат само во куќата Атешуни, која нуди излети и кампови во пустината.

dasht-e-kavir

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com