Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласЗапознајте ја жената која го победи ракот на белите дробови со помош на масло од канабис

Запознајте ја жената која го победи ракот на белите дробови со помош на масло од канабис

Кога 54-годишната сопруга и мајка Шарон Кели започнала да чувствува силни болки на левата страна од телото во близина на нејзините ребра, таа мислела дека тоа е резултат на силната масажа која ја примала неколку дена пред да се здобие со овие болки и не превземала ништо посебно околу тоа. После неколку дена откако нејзините болки никако не поминувале, таа започнала да мисли дека можеби станува збор за нешто сериозно, за на крај, да излезе дека таа била во право.

Само неколку дека откако започнала да ги чувствува овие силни болки, на Кели и бил дијагностициран рак на белите дробови и во следните неколку недели нејзината дијагноза постојано се влошувала. На Кели и било кажано дека карциномот во нејзиното тело го нашол својот пат до нејзините лмфни жлезди и се проширил во стомакот, како и тоа дека со ваква дијагноза таа може да очекува живот од шест до девет месеци. Сосема разбирливо уништена од овие вести, таа барала нејзините доктори да започнат со третмани како зрачење или хемотерапија со надеж дека нејзината дијагноза ќе се подобри.

Таа била информирана дека третмани како зрачење и хемотерапија не помагаат кај пациент во четврта фаза на карцином на белите дробови, како и тоа дека овие третмани само ќе направат да се чувствува полошо и дека е премногу доцна за да се превземе нешто. Докторите ја советувале да се врати дома и да го живее остатокот од животот заедно со нејзината фамилија.

Нејзиниот медицински скен покажал присуство на тумор од 5 центиметри во нејзиното лево белодробно крило, како и присуство на бројни канцерогени лимфни жлезди во градите и вратот. После неколку месеци неактивност од страна на нејзините доктори, Кели побарала од нив да пробаат некој друг третман за нејзино лекување. Токму поради тоа, нејзиниот медицински тим два месеци после нејзината првична дијагноза решил да започне со хемотерапија. После два месеци третмани со хемотерапија, Кели доживеала нов удар, откако била тестирана позитивна на EFGR мутација, на која се позитивни околу 15 проценти од американците заболени од рак на белите дробови.

Присуството на оваа мутација значело дека таа нема да може да биде лекувана со помош на традицоналниот третман на хемотерапија, туку ќе мора да оди на друг специјален вид на хемотерапија. Докторите не гледале многу надеж во овој вид на хемотерапија, па ја известиле Кели дека најдоброто што може да се случи од оваа терапија е тоа што може да се намали ширењето на карциномот во нејзиното тело. И било кажано дека ракот повторно ќе се врати и тоа можеби во полоша фаза од таа што бил пред да се започне со овој третман. Потиштена и разочарана од овие вести, но никако без желба за живот Кели се вратила дома.

Откако не добила адекватна помош од докторите, најмладата Ќерка на Кели започнала на интернет да бара сведоштва на лица кои се излечиле од карцином на белите дробови со помош на масло од канабис, како алтернативен метод за лекување на многу хронични болести. Немајќи што да загуби, Кели се решила да го тестира маслото од канабис на себе и започнала да прима масло од канабис неколку пати на ден.

После некое време таа ја зголемила дозата и започнала да зема до два грама дневно, надополнувајќи го овој третман со адекватна диета. Само неколку месеци после тоа, нејзиниот тумор се намалил од 5 на 2.1 центиметри и нејзините лимфни жлезди се вратиле во нормална големина. Само седум месеци после третманот со масло од канабис, на Кели и било дијагностицирано дека повеќе нема карцином на белите дробови, оставајќи ги во шок нејзиниот онколог и другите кои биле запознати со нејзиниот случај.

13 месеци после првичната дијагноза, Кели била комплетно излечена од ракот на белите дробови, благодарејќи на третманот со масло од канабис кој придонел за ова нејзино „магично“ излекување, како и можноста Кели да го живее остатокот од животот полна со енергија и љубов заедно со своето семејство.