Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеЗапознајте го Лион – Новиот туристички рај

Запознајте го Лион – Новиот туристички рај

Можноста за мало патување и откривање на нови локации многумина ја користат за посета на најпознатите европски туристички дестинации кои се преполни со туристи но, може да бидат хаотични, пренатрупани и лошо организирани. Затоа покрај стандардните градови како Париз, Рим, Барселона или Прага се издвојуваат нови локации кои стануваат омилени меѓу патувачите. Еден од нив е Лион, кој е прогласен за европска гастрономска престолнина што е доволна причина за примамување на сладокусците. Лион може да се пофали со најдобрата организација за посета на туристи со резервирање на еднодневни или повеќе дневни ваучери со кои добивате целосен пристап до јавниот превоз, туристички тури на најубавите локалитети и бесплатен влез во културните установи како театри, музеи и галерии.

lyion2

Лион отсекогаш бил во дуел со далеку попознатиот Париз и историски постои големо ривалство меѓу двата најсјани француски градови. Почетоците на Лион се наоѓаат уште во првиот век кога градот бил формиран од римски генерали кои пребегнале по убиството на Цезар и разгорената граѓанска војна. Античкиот град се наречкува и Лундун, а има големо галско влијание. Низ вековите Лион ја искористил идеалната положба во Југоисточна Франција со пловните реки Сена и Рона и станал главен трговски центар поврзан со Италија. Лион е нарекуван и престолнина на Галите но, дури во 15-от век потпаднал под француска власт. Токму таа мешавина на владетели и идеологии го направила Лион богат со различни културни влијанија. Унеско му додели и статус на место значајно за светското културно наследство.

Низ улиците на Лион ќе поминете низ повеќе временски периоди од римското царство и првите христијански населби. Од средновековитето задржани се повеќе замоци и катедрали, а од ренесансата многу живописни уметнички творби, италијанска уметност и архитектура. Најпозната градба е базиликата Форвиер која била изградена во 19 век како благодарност на Дева Марија која ги исполнила молитвите на жените за заштита од пруската инвазија.

lyon3Под стариот град се кријат мистериозните тунели трабули кои ги користеле и француските партизани во втората светска војна. Во овие градски премини има многу импресивни галерии, спирални скалила и тајни влезови. Над трабулите е создадена и старата работничка населба Крои Ру која била дел од производството на свила и има карактеристично издигнување со голем број на скалила.

 

 

Покрај исполнување на очите со прекрасни глетки ќе може и да го заситите апетитот со вксусна традиционална франскуска храна и Бејолас едно од најпознатите трпезни вина. Оттука потекнува и славниот готвач Пол Бокус кој ги основаше елитните гастрономски олимписки игри.

Лион навистина се грижи за туристите и може да резервирате волонтери од градот кои ќе ве водат на сите прекрасни локации и ќе ви овозможат пријатен престој во галската престолнина.