HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапочнува циклусот „Отворени денови на Катастарот“

Започнува циклусот „Отворени денови на Катастарот“

katastar1

Катастарот ги информира граѓаните и компаниите во Република Македонија за новиот циклус „Отворени денови на Катастарот“, кој веќе деветта година по ред се организира од страна на Катастарот.

Оваа година новина е тоа што покрај денови за граѓаните, еден ден одвојуваме за приватните геодетски фирми, но и за компаниите во Република Македонија. Денот кој е посветен за компаниите е предвидено да биде искористен за обуки, консултации и решавање на посложени предмети од тековното работење.

Циклусот „Отворени денови со Катастарот“ ќе започне од 6 октомври и планирано е да трае до 2 февруари 2017 година и истиот ке ги опфати сите 30 подрачни одделенија на Катастарот низ републикава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com