HomeАНТИСТРЕСЗапочнала изградбата на кула повисока од Бурџ Калифа

Започнала изградбата на кула повисока од Бурџ Калифа

Фирмата „Емар пропретиз“ во Дубаи започнала со изградба на кула која ќе биде малку повисока од тамошната 828 метри високата Бурџ Калифа, која важи за највисокиот облакодер во светот. Шеикот Мухамед Рашид ал Мактум, премиер и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати и владар на Дубаи, вчера започна со изградба на Кула во центарот на Дубаи.

„Тоа ќе биде највисоката кула во светот во 2020 година“, стои во соопштението. Фирмата „Емар пропретиз“ уште од април објави дека планира да глади кула повисока од Бурџ Калифа, но тогаш не наведе колку повисока.

seik-muhamed-bin-rasid-al-maktum-oznacio-pocetak-gradnje

Според проценките на оваа фирма, изградбата на оваа кула ќе чини околу милијарда долари. По нацртот на шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калтрава Валс, кулата ќе има платформа за посетителите, 18 до 20 спратови за ресторани и хотели, изјави претседателот на „Емар“, Мухамед Алабар.

-krik-foto-2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com