Friday, Apr 19, 2024
HomeСТУДЕНТУМЗапочна изборната кампања за нов претседател на СПУКИМ

Започна изборната кампања за нов претседател на СПУКИМ

Денеска започнува изборната кампања за нов претседател на Студенскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ќе трае до 28 јуни. Гласањето ќе се одржи на 30 јуни, непречено од 9-16 часот на 23 факултети на УКИМ.

Двајцата кандидати кои ќе се натпреваруваат во оваа трка се Стефан Василевски, студент на Медицинскиот факултет и Давор Поповски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство – ФИНКИ.

Како што информираат од СПУКИМ, Василевски бил поддржан од шест матични студентски парламенти на УКИМ, додека Поповски од седум матични студентски парламенти на УКИМ.