Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураЗапочна 49. Меѓународниот семинар за Македонски јазик во Охрид

Започна 49. Меѓународниот семинар за Македонски јазик во Охрид

Викендов во Охрид беше отворен 49. Меѓународен семинар за Македонски јазик, литература и култура.

Како што соопшти организаторот, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), семинарот ќе трае до 26 јуни и на него учество ќе земат осумдесет стипендисти од 17 земји, а истовремено ќе се одржи и 43. Меѓународна научна конференција.

Во рамките на семинарот ќе се одбележат 1.100-годишнината од смртта на св. Климент Охридски, основоположник на Охридската книжевна школа, 70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик и 70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик.

Наставата на семинарот се одвива на македонски јазик, а предвидува секојдневни активности на учесниците насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот.