Sunday, Sep 24, 2017
HomeСТУДЕНТУМЗапочнуваат уписите за новите академски граѓани на државните универзитети

Започнуваат уписите за новите академски граѓани на државните универзитети

Првиот уписен рок за учебната 2015/2016 година на државните факултети за студенти во прва година  започнува неделава. Вкупно 24.952 места се слободни на петте државни универзитети во земјава.

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – 10.669  слободни места
*6.330 за редовни студенти во државна квота
*3.164 за редовни со кофинансирање
*1.175 за вонредни студенти.
Првиот уписен рок: 13-ти и 14-ти август, со објавени резултати на 18 август, а на 24-ти и 25-ти истиот месец е запишувањето на кандидатите.
Вториот уписен рок: 3-ти септември,
Трет уписен рок: 15-ти септември

Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола –  3.803 слободни места,
*2.090 за редовни студенти во државната квота
*965 за редовни со кофинансирање
*748 за вонредни студенти.
Прв уписен рок: започнува утре и ќе трае на 13-ти и 14-ти август.
Втор упусен рок: 2-ри и 3-ти септември
Tрет уписен рок: 14-ти септември.

Faculty-LawSkopjeДржавен универзитет-Тетово: 4.650 слободни места.
*2.245 за редовни студенти во државната квота
*2.045 за редовни со кофинансирање
*360 за вонредни студенти.
Прв уписен рок: од 18-ти до 21-ти август
Втор уписен рок: од 1-ви до 4-ти септември.

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип: 5.390 слободни места
*3.172 за редовни студенти во државна квота
*1.208 за редовни со кофинансирање на студиите
*1.010 за вонредни студенти.
Прв уписен рок: 12-ти, 13-ти и 14-ти август
Втор уписен рок: 24-ти и 25-ти август
Трет уписен рок: 4-ти септември.

Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид : 440 слободни места
*220 места за редовни студенти во државна квота
*110 за редовни со кофинансирање на студиите
*110 за вонредни студенти
Прв уписен рок:14-ти и 15-ти август
Втор уписен рок: 3-ти септември
Трет уписен рок: 16-ти септември.