Monday, Mar 27, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРЗапочнува Републички фестивал на народни песни и игри ,,Илинденски денови”

Започнува Републички фестивал на народни песни и игри ,,Илинденски денови”

НУ Центар за култура – Битола ќе го одбележи јубилејот 45 години –Републички фестивал на народни песни и игри ,,Илинденски денови”. Предвидена е посебна програма која вклучува пет  фестивалски денови  на кои од утре до 1-ви август ќе се претстават околу 1.000 учесници, фолклористи и културни работници од државата и странство.

Фестивалот почнува утре со отворање изложба на детски творби по повод јубилејот 40 години на државната изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, а свечено ќе биде отворен на 29 јули со традиционалното оро „Комитско“ кое КУД „Илинден“-Битола ќе го изведе на летната сцена на ракометното игралиште.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура и општина Битола.