Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнЗапочнува првиот Базар викенд во Јавна соба со многу ракотворби

Започнува првиот Базар викенд во Јавна соба со многу ракотворби

Викендов во просториите на центарот за дизајн и иновации Јавна соба, а во соработка со МАТА, ќе се одржи предновогодишен Базар викенд каде 20 домашни мајстори и креативци ќе ги претстават своите уникатни парчиња, одосно накит, аксесоари, украси за домот и разни ракотворби.

javna soba bazar

Она што претставува бенефит од целото концептуално претставување на овие уникатни парчиња, е големиот попуст, со кој ќе се овозможи на посетителите, по интересни цени да го задоволат својот вкус.

За задоволството да е комплетно, организаторите обезбедија доволно греано вино, кафе, чај. Базарот ќе се одржи на 5 и 6 декември во Јавна соба, со почеток од 10:00 до 21:00 часот, влезот е слободен.