Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗапочнува проектот ,,Лето без пожари" во Општина Ѓорче Петров

Започнува проектот ,,Лето без пожари" во Општина Ѓорче Петров

Општина  ,,Ѓорче Петров” и истоимената полициска станица го започнуваат  проектот ,,Лето без пожари”. За таа цел денеска на сите учесници во сообраќајот на улица ,,Ѓорче Петров” ќе им бидат делени шишиња со вода и флаери  со упатства за совесно однесување за време на летниот период.

Целта на проектот е да се намали бројот на пожари предизвикани од повеќе фактори како што е фрлањето отпушоци од прозорите на автомобилите) но и сообраќајни несреќи поради влошено здравје на возачите предизвикано од високите температури (висок крвен притисок и други)