Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЗапочнува поднесувањето електронски барања за финансиска поддршка во земјоделството

Започнува поднесувањето електронски барања за финансиска поддршка во земјоделството

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ќе објави повик за поднесување електронско барање за финансиска поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.

ZEMJODELIE

Поради тоа, Агенцијата апелираше сите заинтересирани навремено да ги ажурираат сите податоци запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Ажурирањето на податоците се врши во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство каде е регистрирано земјоделското стопанство.