Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиЗапочна гласањето за „Сајт на Годината 2015“

Започна гласањето за „Сајт на Годината 2015“

Сајт на Годината по шести пат ја организира оваа манифестација во која се избираат најдобрите веб сајтови од повеќе категории. Целта на проектот кој го организира Media Solutionsв и системот за онлајн реклами Keep An Eye е да се  промовираат, развиваат и поддржуваат интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

Почнувајќи од вчера, 24-ти ноември, па сѐ до 9-ти декември ќе имате можност да гласате за вашата омилена веб страна на sajtnagodinata.mk. Соодносот на финалните гласови е распределен на следниов начин: 60% oд вкупниот број гласови припаѓа на жири комисијата, а 40% на гласовите од интернет посетителите.

glasanje pozitivОваа година за прв пат ќе имате можност да гласате и за „Позитив.мк“ и тоа во категоријата Забава. Победниците ќе бидат објавени на 14.12.2015 на свечената манифестација која ќе се оддржи во фоајето на МОБ со почеток од 19:00 часот. Победниците од секоја категорија ќе добијат симболични награди и плакети.