Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗапочнува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Започнува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

На 3. и 4. јули во Прилеп и на Рудина во Долнени ќе започне 41-от фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Програмата вклучува 300 изведувачи на народни инструменти и песни од Македонија, како и гости од Србија и Русија. Дефилето започнува вечерва во 20 часот низ прилепските улици. Натпреварувањето започнува од 21 часот, а во Рудина во сабота од 17.30 часот.

Дел од програмата на фестивалот е и петдневениот Семинар за изучување на македонскиот изворен мелос, кој веќе трае три дена и на кој учествуваат преку 20 учесници.