Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимЗапочнете го денот со квалитетен појадок

Започнете го денот со квалитетен појадок

 

Квалитетните утрински намирници можат од старт да ве подготват за убав ден во кој ќе имате енергија да ги завршите сите обврски . Откажете се од навиката да излегувате од дома сосема гладни бидејќи тоа е лоша пракса која ќе направи да се чувствувате омалаксано и безволно. Еве неколку предлози за добар појадок и напитоци.

Банани- Ова овошје често може да го најдете на листа висококалорична храна кој ане треба да ја користите при диети. Низа истражувања покажале дека тоа е заблуда.  Бананата ќе ви помогне од утро да одржувате оптимален крвен притисок, содржи витмани Ц и калиум.

Грејпфрут – Уште еде одличен извор на витамин C и калиум. Научници во Сан Диего докажале дека конзумирањето грејпфруд пред секој оброк, а посебно пред појадок помага доколку сакате да изгубите килограми без штетни диети и прегладнување.

Овесна каша – Ќе ви помогне да останете сити за време на напорниот работен ден , а ќе ви помогне и да го одржувате оптималното ниво на холестерол. Додадете  банана и ќе добиете совршен хранлив оброк богат со протеини, добри јаглени хидрати и масти.

Јајца – Содржат дури 13 хранливи состојки меѓу кои и важни протеини. Позитивно влијаат на процесот на паметење. Содржат лутеин и зеаксантин кои поволно влијаат на видот

TURSKO KAFE

Кафе – Доколку е во умерени количини, и никако на гладен жечудник кафето може позитивно да влијае на срцето и мозокот. Можеби до сега не сте знаеле дека  кафето во нормални колични штити од рак, настинки и дијабетес.