Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапочна собирањето потписи за Законот за амнестија

Започна собирањето потписи за Законот за амнестија

Од утринава на триесет и три подрачни единици на Државната изборна комисија се ставени во функција за собирање потписи на иницијативата за предлог-Законот за амнестија, со кој се бара укинување на казната затвор за оние кои имаат одлежано 40 отсто од затворската казна.

Во наредните три месеци граѓаните ќе треба да се соберат 10.000 потписи. Граѓанската иницијатива предлага казните на сите да се намалат за 40 отсто, додека на тие што се осудени до една година за 50 отсто, а тие кои имаат казни до шест месеци да им се укинат. Иницијативата на државно ниво е согласно Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.

Иницијаторите на законот очекуваат да се соберат потребните потписи побрзо од определениот рок, а потоа најавуваат дека текстот на законот ќе го подготват експерти од кривичното право. Откако ќе го поднесат во парламентот пратениците ќе расправаат за неговата потреба и содржина.