Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗапочна ПМФЛ, македонскиот шампион извлече само бод од Шкупи

Започна ПМФЛ, македонскиот шампион извлече само бод од Шкупи

Првата македонска фудбалска лига за шампионот Вардар не започна според очекувањата. Два бода се прокоцкани во првото коло од лигата откако Шкупи во последен момент успеа со погодок да ремизира за резултат од 2:2.

Првото полувреме беше во знак на гостинскиот тим кој во првите 45 минути успеа преку погодокот на Нухии да поведе со 0:1, за потоа „црвено-црните“ да се помачат во 65-та минута преку добро реализираниот пенал на Блажевски и погодокот во 85-та минута на Ивановски. Но, кога се изгледаше така добро, Османи го шокираше противникот и ги постави конечните 2:2.

Ова ќе биде тешка сезона за новиот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, кој ќе мора да воспостави добра координација со соиграчите за  да може да се одбрани титулата и оваа сезона.