Saturday, Apr 20, 2024
HomeСТУДЕНТУМЗапочна лотаријата за „зелена“ карта на САД

Започна лотаријата за „зелена“ карта на САД

Американската лотарија за зелена карта е многу популарна кај младите од светот. Овој месец имате можност да поднесете пријава. Пријавувањето е отворено од 1-ви октомври и ќе трае до 3-ти ноември. Рокот за пријавување истекува во 12 часот.

Кандидатите можат да го пополнат електронскиот формулар E-DV за учество во лотаријата. Адресата за пријавување е dvlottery.state.gov. Пријавувањето за Лотарија за иселеничка виза за 2017 се врши по електронски пат, апликации на хартија не се прифаќаат. Првите резултати ќе бидат објавени на 3-ти мај 2016 година. Со среќа на оние кои ќе аплицираат.