Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗапочна лидерската средба – „Цивил“ се понуди да помогне процесот да добие легитимитет

Започна лидерската средба – „Цивил“ се понуди да помогне процесот да добие легитимитет

Започнаа работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино. Претставници од СДСМ се Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски, а од ВМРО-ДПМНЕ се Никола Попоски и Никола Тодоров. ДУИ ја претставуваат Артан Груби и Муса Џафери, додека ДПА – Имер Алиу.

Во меѓувреме, граѓанската организација „Цивил“ излезе со соопштение со кое го поздрави почетокот на работата на работните групи и се понуди да помогне процесот да добие легитимитет, со своите предлози и експертизи, релевантни за политичкиот процес.
CIVIL logo FOR BLOG„ЦИВИЛ веќе формира голем број набљудувачки тимови кои работат од јануари 2015 година, а паралелно со тоа, формира и експертски тим составен од претставници на ЦИВИЛ и ГОНГ (Хрватска) кои се на располагање за јавноста, политичките партии и институциите“ – се вели во соопштението.