Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗапочна изградбата на панорамското тркало во центарот на главниот град

Започна изградбата на панорамското тркало во центарот на главниот град

Работниците на „Бетон“ ги поставија првите темели за изградба на панорамското тркало во коритото на Вардар, помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“.

Дијаметарот на тркалото ќе изнесува 57 метри и истиот ќе се издигне 73 метри над брегот на реката. Ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми,а како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан.

Како дел од проектот „Скопје 2014“, за панорамското тркало се одвоени 18,3 милиони евра. Рокот за негова изведба е пет години.