Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапленетото оружје и дрога изгоре во печките на Југохром

Запленетото оружје и дрога изгоре во печките на Југохром

Денеска во печките на „Југохром“ во Јегуновце беа уништени 593 парчиња разновидно оружје. Во печките изгореа 103 пушки, 397 пиштоли, 13 автоматски пушки, еден пушкомитралез, 58 парчиња ладно оружје и 21 цевка за пушка. Освен оружјето, се уништија и приближно 893 килограми марихуана, над 226 килограми хашиш, 15,7 килограми хероин, 252 стебла марихуана и 1.691 парчиња разни таблети.
oruzjeМВР извести дека во изминативе година дена, има откриено и документирано 200 кривични дела поврзани со недозволената трговија и поседување на оружје и распрскувачки материи. Кривичните пријави се поднесени против 225 осомничени лица, а при акциите беа запленети 221 парчиња разновидно оружје и 3102 парчиња муниција.
oruzje1Инаку, со ова симболично се одбележа Светскиот ден на борба против малото и лесно оружје. На унитувањето, присуствуваа министерот за внатрешни работи Митко Чавков и членовите на комисијата задолжена за ништење на оружјето кое се чуваше по институционалните депоа.