Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗапленетиот експлозив во Турција доволен за уништување на цел Дијарбекир

Запленетиот експлозив во Турција доволен за уништување на цел Дијарбекир

Изминативе неколку денови Дијарбекир е под силно полициско раководство кое успеало да заплени поголемо количество експлозив, доволно за уништување на целиот град, пишува турски „Сабах“.

Окружната управа испрати соопштение во кое се наведува дека во операциите против членови на сепаратистичка терористичка организација е запленето големо количество оружје и муниција: над стотина рачно изработени бомби, 200 молотови коктели и 100 килограми хемикалии за изработка на експлозивни направи. Од уапсените 350 лица, 88 сѐ уште се во притвор.

Властите продолжуваат со целосна акција за спречување на плановите на сепаратистичката терористичка организација за да се врати безбедноста кај сите граѓани.