Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапленети 20 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Запленети 20 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Царинските инспектори од Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинска управа во соработка со Министерството за внатрешни работи, на граничниот премин Блаце пронајдоа 42 паковки со околу 20 килограми марихуана

Вчера околу 10.30 часот, на влез во Македонија на граничниот премин Блаце се пријавило патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

При прегледот на возилото, во задните врати на комбето помеѓу лимот и тапацирот, поточно во левата и десната задна врата, под тапацирот на левото и десното задно крило и во внатрешноста на моторот биле пронајдени 42 пакувања, со вкупна тежина од околу 20 килограми, а по тестирањето се покажало дека се работи за марихуана.

Сите изготвени документи, дрогата и лицето се предадени на службени лица од Министерството на внатрешни работи за понатамошна постапка.