Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапленети 130 литри нерегуларен алкохол во битолските кафеани

Запленети 130 литри нерегуларен алкохол во битолските кафеани

Царинската управа во масовна акција по кафеаните во Битола успеала да заплени 130 литри алкохолен пијалок и 2,8 килограми тутун кои не биле означени со контролни марки, а сопствениците не поседувале сертификат за квалитет а ги нуделе на продажба.

Акцијата се реализирала последниве два дена, односно 29-ти и 30-ти септември, каде повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли, извршија контрола на повеќе зелени пазари, малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра на територијата на општините Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани.

Против прекршителите ќе се преземат соодветни мерки, а управата уште еднаш апелира на а внимателност на граѓаните при консумирањето на алкохолни пијалоци, поради сериозноста по здравјето и животот при консумацијата на неиспитан и потенцијално неисправен алкохол.