Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапленета домашна ракија од неколку кафулиња – царинската управа во акција

Запленета домашна ракија од неколку кафулиња – царинската управа во акција

Царинската управа во акција. Во контрола на продажбата на акцизна стока во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Дебар во седум угостителски и два малопродажни објекти констатирани се неправилности при што се одземени 158,4 литри домашна ракија, 2,3 литри странска ракија, 3,2 литри узо, 0,7 литри коњак и 71 кутии цигари од (Лорд и Аура).

Од Царинската управа појаснуваат дека алкохолните пијалаци и цигарите не биле означени со контролни марки – бандероли и иако се нуделе за продажба, не поседувале сертификат за здравствена исправност што ги прави потенцијално опасни за здравјето на луѓето. Против прекршителите Царинската управа презема соодветни постапки. Контролата спроведена во изминатите два дена во 41 трговско друштво.