HomeДЕНЕШНАПолитикаЗапленета документација, СЈО ќе го „деконструира“ Скопје 2014

Запленета документација, СЈО ќе го „деконструира“ Скопје 2014

Специјалното јавно обвинителство презело поконкретни мерки за откривање на вистинската состојба со проектот Скопје 2014-та за кој има големи сомнежи дека служи за перење на пари и злоупотреби на државните средства. СЈО со судска наредба, вчера запленило документација од Министерството за култура за предмет поврзан со Скопје 2014, дознава БИРН. Неофицијално, станува збор за документација за тендер вреден околу 1 милион евра за изградба на Музејот на македонската борба.

Овој музеј е еден од најголемите потфати на Владата на ВМРО – ДПМНЕ за проектот Скопје 2014. Според склучените договори документирани во базата на податоци на БИРН, „Скопје 2014 под лупа“, изградбата на Музејот чини над 16 милиони евра, но, според бројот на склучени договори, тој е на првото место.

За изградбата на Музејот склучени се 123 договори со правни и со физички лица, меѓу кои има и голем број анекси, непредвидени и дополнителни работи и останати договори со физички лица кои од година во година ја зголемуваа цената.

Оттаму, не се исклучува токму еден од овие тендер да биде предмет на нова истрага. Станува збор за еден од многуте предистраги што СЈО ги води за најлускузниот проект на власта „Скопје 2014“, кој, според базата на податоци на БИРН, досега достигна 667 милиони евра.

СЈО за утре најави прес конференција на која ќе бидат објавени две нови истраги на специјалните обвинители.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com