Thursday, Dec 14, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗапалено возилото на поранешниот градоначалник на Прилеп

Запалено возилото на поранешниот градоначалник на Прилеп

Доцна синоќа во 3.30 часот во Прилеп на улицата „Шар Планина“ поточно во дворот од куќата, сопственост поранешниот градоначалник на Прилеп, Сашо Пирганоски, непознат сторител истурил запалива течност врз неговото возило „цитроен ксара“ по што автомобилот целосно бил опожарен.

Од страна на пожарникарите од Прилеп пожарот е изгаснат, а покрај возилото опожарена е и вратата од гаражата и дел од фасадата.

Од страна на увидна екипа од полициската станица излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.