Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗапалено возило во Битола

Запалено возило во Битола

Ноќеска околу два часот на ул. „Димитар Хаџи Попов“ во Битола непознат сторител, на паркинг просторот пред куќата сопственост на М.Ј.(56), поставил автомобилска гума под „Џип“, по што ја запалил.

Пожарот бил локализиран од страна на оштетениот, а повредени лица нема. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.