Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапалени 11 автомобили во Куманово, едно лице приведено

Запалени 11 автомобили во Куманово, едно лице приведено

За нешто повеќе од еден час, синоќа од засега непознати причини, на неколку кумановски улици се опожарени 11 патнички моторни возила. Како што информираат од МВР, приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и откривање на причините за опожарувањето на возилата.

Со брза интервенција на кумановската Противпожарната единица изгаснат е пожарот во возилата. Се шпекулира дека целта на осомничениот била да запали автомобили на полициски службеници но од подметнатите пожари се запалиле и автомобилите паркирани веднаш до нив.