Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗапалена православна црква во Сараево

Запалена православна црква во Сараево

Дел од православната црква Пребражение Господово во строгиот центар на Сараево бил запален на тој начин што преку прозорец била фрлена запалива материја, пренесуваат тамошните медиуми. Свештеникот Јадран Даниловиќ изјавил дека тој и верниците во неделата утрото во околу 8 часот, за време на молитвата, почувствувале чад од оставата, која е во рамки на црквата. Веднаш била повикана полицијата и пожарникарите, кои го угасиле огинот.

Даниловиќ изјавил дека во настанатиот пожар била направена голема материјална штета. Полицијата извршила увид на местот на настанот. Оваа црква од порано била мета на крадци, а оваа година од неа на два наврати биле крадени икони.