Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗапален мерцедес близу Стража, избегната трагедија

Запален мерцедес близу Стража, избегната трагедија

Утрово за влакно е избегната трагедија на патото Кичево-Гостивар во близина на превојот Стража, откако мерцедел со патници од Албанија се запалил. Возачот В.Л. (50) од Р.Албанија не можел да го сопре мерцедесот бидејќи му откажале сопирачките, па бил принуден нагло да сврти во спротивен правец за да забави возилото.

Откако застанал излегле сите патници, а возилото по кратко време целосно изгорело. Во 11.10 часот пожарот бил изгаснат од екипи од Територијалната противпожарна единица Гостивар. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Гостивар.