Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗападнонилска треска стигна во Србија

Западнонилска треска стигна во Србија

Западнонилската треска пристигна во Србија. Идентификуван е првиот лабораториски случај на потврдена инфекција со вирусот на Западен Нил, објавено е денеска на сајтот на Институтот за јавно здравје „Др. Милан Батут“. Станува збор за маж од 56 години, од територијата на Јужнобанатскиот округ, кој се наоѓа на болничко лекување.

Инфекцијата првпат меѓу луѓето во Србија е регистриана кон крајот на јули 2012 година, а до почетокот на август во земјите на ЕУ се регистрирани шест случаи на заболување од вирусот и тоа четири во Италија, во Бугарија и во Романија по еден, а надвор од границите на ЕУ во Израел три случаи.