Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЗамина уште една актерска легенда: Почина Мира Ступица

Замина уште една актерска легенда: Почина Мира Ступица

Позната српска актерка Мира Ступица, починала синоќа во Белград во 94-та година од животот.

Актерката претрпела тежок мозочен удар. Била оперирана, но не успеала да се опоравави. Таа е примена во Невролошкото одделение на Ургентниот центар во Белград. Пред само 2 дена Мира го прослави својот 93. роденден. Мира живееше во домот за старци во Земун. Не примала посети зошто не се чувствува добро, но се израдувала за роденденот кога ја посетиле најдрагите со подароци.

Мира Ступица е родена на 17 август 1923 година во Гњилане и е една од најпочитуваните српски драмски, филмски и телевизиски актерки и важи за најголемата дама на српското глумиште.

mira stupica 2

Кариерата ја почна на сцените на театрите во Шабац и Ниш, а преку Народното позориште и Југословенското драмско позориште во Белград, израсна во бард – и затоа беше барана и на сцените во Моска и во Париз.

Таа има играно во сите жанрови, од класици, до современи ликови. Беше незаборавна во улогите на Петруњела, Глорија, бароницата Кастели, Мадам Сен Жен. Врвот на својата актерска дарба го остварила во режиите на Бојан Ступица, кој и беше и животен партнер и на сцената и надвор од неа.

Добитничка е на многубројни награди и признанија. На големото платно дебитира на почетокот на педесеттите години на минатиот век.

Мира Ступица зад себе има три брака( Мавид Поповиќ, Бојан Ступица и Цвијетин Мијатовиќ) но и големи загуби, ги споила во книгата „ Грс сол“.