Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаменик министерката за надворешни работи ќе биде сменета од функцијата

Заменик министерката за надворешни работи ќе биде сменета од функцијата

Премиерот, Емил Димитриев ќе направи ротација и на позицијата заменик-министер за надворешни работи и ќе побара разрешување на заменик-министерката за надворешни работи, Драгана Кипријановска од Демократски сојуз. Димитриев за оваа позиција ќе го предложи Илија Исајловски кој е дипломат од кариера со богато искуство во меѓународни организации и разивање на дипломатски односи.

Во Министерството за надворешни работи Исајловски е вработен уште во 1996 година и поминал низ сите професионални скалила. Извесен период работел и во одделението за политички билатерални односи со државите од Западна и Централна Европа, како и амбасадор на Р. Македонија во Украина, Руската Федерација и е актуелен амбасадор во Народна Република Кина, од каде ги покрива и ДНР Кореа, Виетнам, Кралството Тајланд и Монголија.

Премиерот за нов министер за финансии, по оставката на Зоран Ставрески поради здравствени проблеми, ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи, Кирил Миновски. Собранието на Република Македонија денеска ќе расправа и ги констатира оставките, по што ќе бидат именувани новиот министер за финансии и заменик-министер за надворешни работи.