HomeДЕНЕШНАРегионЗаложничка драма во Ниш: Еден мртов, еден се бори за живот

Заложничка драма во Ниш: Еден мртов, еден се бори за живот

niska-banja-2

Средовечниот маж Дејан Дејанчиќ (51) е убиен во Нишка Бања кога на него утрово околу 8.30 часот пукал неговиот вработен. Сопственикот на вилата починал на самото место, а убиецот не сакал да излезе од вилата. Полицијата преговарала со него, а потоа се фрлени две шок бомби и лекарите заедно со полицијата влегле во вилата.

Таму го затекнале убиецот Д.Ј. во бессвесна состојба. Тој се обидел да изврши самоубиство така што си пукал во глава. Убиецот Д.Ј. (42) е префрлен во болница во тешка состојба, со прострелна рана во главата. Девојка била сведок на страотното злосторство и штом се случило убиството истрчала пред вилата. Таа цело време додека траела драмата стоела пред вилата со полицијата и стравувала за животот на своето момче – убиецот на сопственикот на вилата.

На крвавиот пир претходела кавга околу девојката на рецепционерот за која бил заинтересиран и сопственикот на вилата. Бесниот рецепционер испукал неколку куршуми во газдата, кој паднал мртов на самото место, а девојката веднаш побегнала од таму.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com