Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗаложничка драма во Париз -нема жртви

Заложничка драма во Париз -нема жртви

Заложничка драма се случила утрово во продавница во трговскиот центар центар во Вилнев-ла-Гарен во Горна Сена во регионот на Париз, со цел да  се извршат грабеж.

“ Околу 6.30 часот по локално време двајца или тројца вооружени напаѓачи влегле во продавница „Праимарк“, претпоставувајќи дека првобитната намера била вооружен грабеж“, објаснил полициски извор, кој побарал анонимност..

Во продавницата имало 18 лица.

Заложничката драма завршила, откако специјалните сили ги евакуирале 18-те лица од трговскиот центар.Според првичните информации нема повредени. Полицијата трага по тројца вооружени кои се во бегство