Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаконски измени за СЈО наскоро ќе влезат во собраниска процедура

Законски измени за СЈО наскоро ќе влезат во собраниска процедура

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, денес за Телма потврдил дека во собраниска процедура ќе бидат пуштени законски измени за СЈО.

Законските измени се однесуваат на продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство за поднесување на обвиненија.

Меѓу барањата се и продолжување на рокот за поднесување обвиненија, како и закон за заштита на сведоци, со што СЈО би добиле поголема независност и услови за поефикасна работа.

До крајот на оваа седмица, СЈО ќе соопшти за кои предмети ќе бидат поднесени обвиненија. СЈО започнаа вкупно 15 истражни постапки чии наслови почнуваат на буквата „Т“, а кои произлегуваат од снимки што се добиени при незаконско следење на комуникации.