HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаконот за свиркачи не се применува – меѓународната заедница загрижена

Законот за свиркачи не се применува – меѓународната заедница загрижена

Законот за заштита на укажувачите, познати и како свиркачи, кој беше донесен како производ на политичкиот договор во Пржино воопшто не се применува, забележуваат од меѓународната Транспаренси Интернешнл во Македонија. Една од клучните забелешки на Венецијанската комисија се однесува на законската можност судските власти да го објават идентитетот на заштитениот сведок без негова или нејзина согласност.

Спорно според Транспаренси е и прашањењто на анонимноста и доверливоста, поточно начините на обезбедување на заштита на идентитетот на свиркачите како и прашањето дали е доволна казна од 6.000 евра за откривање на идентитетот на дојавувачот. Може да дојде до поврзаност на овој закон и законот за заштита на сведоци, посочуваат од Транспаренси Интернешнл. Барањето на СЈО за измени на законот за заштитени сведоци, според Транспаренси е процедурално прашање кое треба да се разгледа со оглед на контекстот во кој работи институцијата.

Инаку, во заклучоците од март годинава Венецијанската комисија повикува на детална ревизија на Законот за заштита на приватноста. Овој закон се базира на легитимни цели но не постигнува соодветна рамнотежа меѓу приватниот интерес и интересот на јавноста да биде информирана, се наведува во последниот заклучок.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com